загудат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да гуди.
Примери:
И пак загудија гуслите и ѕвекнаа чаши.
заиграат
Вид збор: Глагол, свршен
За оро, танец - почне да игра.
Англиски:
dance
Албански:
kërcej
Примери:
Младенците заиграа колку за адет.
мн. запеви
Вид збор: Именка, машки род
Фраза или извик на почетокот од текстот што се пее.
Примери:
Завршокот на песната се поврзува со запевот.
мн. заспивалки
Вид збор: Именка, женски род
Песна што му се пее на дете за да заспие.
Примери:
мајчина заспивалка
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да труби.
Англиски:
trumpet
Албански:
i bie burisë, trombës
Примери:
Трубачот затруби со трубата и повеќе ништо друго не се слушаше.
мн. звуци
Вид збор: Именка, машки род
Тон со определена висина и боја што ја произведуваат музичките инструменти.
Англиски:
tone
Албански:
ton, tonalitet
Примери:
Звуци од виолина.
мн. зилови
Вид збор: Именка, машки род
Бакарни плочки што ѕвечкаат.
мн. зурли
Вид збор: Именка, женски род
Дрвен народен дувачки инструмент со силен звук од типот на обоа.
Англиски:
oboe
Турски:
zurna
Примери:
Се слушаа зурли и тапани.
мн. зурлаџии
Вид збор: Именка, машки род
Тој што свири на зурла.
Англиски:
oboist
Турски:
zurnacı
Примери:
Образите му се дуеја како на зурлаџија.